Животна средина

Животната средина е најзначајниот сегмент во развивањето на средините. За таа цел при изградбата на определени објекти Законот за градење обврзува да се изготвуваат елаборати за заштита на животна средина со цел да се видат потенцијалните штетни влијанија врз животната средина.

Одделението за Заштита на животната средина во нашата компанија се состои од инженери специјазинрани за животна средина. Нивната експертиза е докажана низ многу проекти каде запазувањето на роковите и квалитетната работа беа препознати од нашите клиенти како круцијални за успешна имплементација на целите на проектите. Нашите услуги вклучуваат проектирање, изработка на елаборати и студии за заштита на животната средина.

Услуги:

  • Проценки за влијанијата врз животната средина,
  • Предфизибилити и физибилити студии,
  • Еколошки елаборати,
  • Подготовка на IPPC барања за А и Б дозволи,
  • Апликација на „чисти технологии“ во индустријата,
  • Мерки и технологии за енергетска ефикасност и апликација на обновливи енергетски извори,
  • Учество во и подготовка на локални и меѓународни EIA/ESIA проекти според Екватор принципите (Светска банка, ИФЦ и други финансиски организации).

zivotna_sredina_1 zivotna_sredina_2