Политика за квалитет

Со доследна реализација на политиката за квалитет, Геоконтрол тежнее да ја оствари својата главна цел и да станат водечка институција во својата област преку воспоставениот и применет систем за менаџмент со квалитет, согласно барањата на стандардите МКC EN ISO/IEC 17025:2018, неговото преиспитување и постојано подобрување.

Заради остварување на оваа политика, сите активности на лабораторијата се насочени во правец на:

  • понатамошно унапредување и развој на специјалистичката работа
  • создавање основи за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет
  • воспоставување и одржување на взаемно корисни односи со испорачателите
  • анализа на конкуренцијата
  • задоволување на потребите на друштвото
  • идентификација на проблемите за квалитет и реализација на превентивните или корективните мерки
  • дефинирање и примена на програмите на постојано подобрување на квалитетот
  • примена на принципите од добрата лабораториска пракса и квалитет во своите испитувања
  • давање на стандардна лабораториска услуга за сите клиенти, по дефинирани стандардни методи
  • постигнување на целта на системот за менаџмент – квалитетот и постигање на високо ниво на задоволство кај клиентите
  • запознавање на сите вработени во лабораторијата со документацијата на системот и нивна обврска за имплементација на истиот
  • обврска на раководството дека ги исполнува барањата на стандардот МКC EN ISO/IEC 17025:2018 и дека постојано врши унапредување на системот за менаџмент со квалитет

За спроведување на оваа политика се овластени и одговорни сите вработени. Претставникот на раководството е одговорен за одржување и усогласување на системот за менаџмент со квалитет со барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018.