Лабораторија

За теренски истражувања и испитувања ја користиме нашата Теренска лабораторија која е опремена со модерна технологија и управувана од добро обучени професионален  тим . Нивната мобилност и ефикасност дава од особено значење  и подршка во реализирање на проектите. Во ракмите на теренската лабораторија се опфаќаат следниве активности:

  • CPT (Опит на статичка пенетрација)
  • SPT (Динамички стандарден пенетрационен тест)
  • Метод на кружна плоча – Динамички и статички испитувања
  • Определување на волуменска тежина – Метод на калибриран песок и Метод на балон
  • Теренски CBR-тест
  • Геомеханички надзор со подготовка на извештаи
  • Подготовка на геомеханички извештаи од теренска контрола на свеж бетон и бетонски коцки, испитувања со склерометар и
  • Подготовка на геомеханички елаборати и извештаи за прием на градежни јами, теренска контрола на збиенбост и носивост на почва

Лабораториските испитувања кои се во опсегот на одделението ААБ (агрегат, асфалт, бетон) се извршуваат со цел утврдување на квалитетот на земјените и каменити материјали за неврзани мешавини или хидраулички стабилизирани мешавини, односно битуменските врзива наменети за изградба на долните носиви строеви од коловозните конструкции.

Целта на одделението е активно да учествува во спроведувањето на контролата на квалитетот на материјалите и работите при изградбата на современата патна инфраструктура применувајќи како и на значејни проекти од комерцијално значење.

Во склопот на овој сектор се испитуваат материјали како што се камен, битумен, асфалтни мешавини како и градежни призводи наменети за вградување во сите категории на патишта и во сите врсти на аеродромски оперативни површини. Испитувањето на техничките својства на агрегатот од природно потекло како составен дел од изработка на асфалтните и бетонските мешавини се една од значајните активности на ова одделение.

Деструктивно и недеструктивно испитување на бетоните и бетонските елементи со цел утврдување на квалитетот и марката на вградените бетони и прозводите од бетон, како и контролата при вградување е дел од палетата на испитувања кои ги врши ова одделение. Испитувањето на физичко механички особини како и минеролошко петрографски својства на каменот за потребите на каменоломите како и изработката на рецептури за асфалт и бетон е еден од највисоките приоритети на ова одделение.